РИБАРОВА, ЗДЕНКА

РИБАРОВА, ЗДЕНКА (Прага, Чешка, 13. Ⅵ 1945) – научен советник во Одделението за историја на макед. јазик во ИМЈ „Крсте П. Мисирков“ во Скопје. Завршила Филоз. ф. на Карловиот унив. (Прага) бохемистика, русистика и југославистика; докторирала со Императивот во ст.слов. ј. Од 1975 год. работи во ИМЈ врз проектот Речник на црк.слов. ј. од макед. редакција, чиј главен истражувач е од 1986, а од 2000 и главен редактор. Работела како лектор по чешки на Унив. во Загреб, како асистент на Филоз. фак. во Прага; предавала ст.слов. во Приштина; била лектор по макед. и срп. ј. на Филоз. фак. во Брно, Прага и др. Нејзиниот научен интерес се однесува на црк.слов. писменост во пошироки компарат. рамки, а пред с¢ на макед. редакција и на најстарата историја на макед. ј. Од таа област објавила и најмногу прилози во домашни и странски списанија. Автор е на 157 трудови, од кои 18 книги. БИБ.: Радомирово ев. (во коавторство со Р. Угринова-Скаловска), ИМЈ, 1988; Григоровичевиот паримејник (со З. Хауптова), МАНУ, 1998; Јазикот на макед. црк.слов. текстови, МАНУ, 2005; Речник на црк.слов. ј. од макед. редакција, И том, ИМЈ, 2006. П. Хр. Ил. Ристо Рибаровски