РЕФИКИ, Јахја (Тетово, 10. Ⅹ 1937) – скијач. Бил член на Скијачкиот клуб „Љуботен“ во Тетово. Повеќепатен пионерски (1946– 1951), младински (1951–1955) и сениорски (1955–1966) првак на Македонија. На Првенството на Југославија на Јахорина (Сараево, 1954), освоил прво место за младинци во слалом, а на Крањска Гора (Словенија, 1955) освоил трето место. За репрезентацијата на Југославија настапил неколку пати. Тој е избран за најдобар спортист на Македонија (1954) и е добитник на општествени признанија. Д. С. Факсимил од весникот „Реформи“