РЕОНИ НА РЕФУГИЈАЛНИ ШУМСКИ ЗАЕДНИЦИ ВО МАКЕДОНИЈА

РЕОНИ НА РЕФУГИЈАЛНИ ШУМСКИ ЗАЕДНИЦИ ВО МАКЕДОНИЈА – неочекувано појавување видови на кои не им е местото во таа средина. Таквите локалитети претставуваат рефугиуми во кои се развиваат рефугијални типови на вегетација. Х. Ем и други (1985) издвоиле 11 такви реони во Македонија: 1. Долновардарско–струмички – во него зонално е распространета медитеранската вегетација, а рефугијални типови на зедници се: Царпино бетули-буџо Фагетум (Демиркаписка Клисура), Цоцциферо-Царпинетум ориенталис пинетосум палласианае (Струмичко), Пхиллѕрео-царпинетум ориенталис арбутосум андрацхнис (Гевгелиско), Периплоцо-Алнетум глутиносае (Струмичко), Периплоцо-Фраџинетум ангустифолиае-паллисае (Негорска Бања). 2. Тиквешки рефугијален реон – предел на степска вегетација. Рефугијални типови на вегетација: Епхедро-Прунетум теннелае, Еуротиетум цератоидес. 3. Рефугијален реон Пчиња и Таорска Клисура – зона на шума од благун и бел габер. Рефугијални типови се: Јасмино фрутицантис-Буџо-Сѕрингетум, Пруно-веббии-Јуниперетум еџцелсае, Алѕссо ориенталис-Целтетум аустралис и др. 4. Поречје – кањон меѓу Караџица и Сува Гора. Вегетациски типови: Љуерцетум тројанае-Острѕо буџосум, Пулсатилло мацедоницае-Пинетум палласианае, Острѕо Фагетум буџо таџосум, Примуло-Фагетум буџосум. 5. Клисурите на Црна Река, Блашница и Раец. Овие реки во долниот дел се споени. Геолошката подлога е варовник. Вегетациски типови: Љуерцетум тројанае паеониетосум, Пхиллѕрео Јуниперетум еџцелсае, Арбуто андрацхнис-Царпинетум ориенталис пхиллѕретосум. 6. Рефугијален реон Јама – се наоѓа на спојот на Бистра и Стогово. Рефугијален тип: Југландо-Аесцулетум хиппоцастани, Аесцуло хиппоцастани-Ацери-Фраџинетум. 7. Маврово, Радика – се наоѓа на падините на Бистра над реката Радика. Ја опфаќа месноста Острово, пределот на манастирот „Св. Јован Бигорски“, Кожа – Мавровско. Рефугијални типови: Ацери обтусати-Фагетум, Цастанео-сативае Ацеретум обтусати. 8. Стража – се наоѓа на падините на Бистра над превојот Стража. Рефугијални типови заедници се: Цолурно-Ацери обтусати-остриетум, Мелампѕро херацллеотици-Љуерцетум полѕцарпае. 9. Пелистер – се наоѓа во субалпскиот појас. Меѓу џебови од гранитни блокови расте реликтна заедница Гентиано сѕмпхѕандрае Пине-тум пеуцис. 10. Охридско–преспанскиот реон – ги опфаќа планините Галичица, Јабланица и клисурата на Црн Дрим. Рефугијални типови се: Љуерцетум тројанае пхиллѕрео-лилиетосум, Југландо-Аесцулетум хиппоцастани цотиледонетосум, Аесцуло хиппоцастаниАцери-острѕетум, Пруно-Целтетум глабратае, Биаро тенуифолиае, Јуниперетум еџцелсае, Дапхниди-цѕтисантхетум радиатае, Ерицетум царнеае. 11. НиџеКожуф – се наоѓа во планински венец долж границата со Грција. Геолошката подлога е многу разновидна. Рефугијални типови на заедници се: Сеслерио-Пинетум ниграе, Арцтостапхѕло ува урси-Пинетум сѕлвестрис, Пинетум пеуцис цалцицолум, Латхѕро-Пинетум ниграе, Спхагно-Пинетум сѕлвестрис. Рефугијалната флора ја покажува поврзаноста на балканската флора со онаа на Крим, Кавказ, Мала Азија и Средна Азија. Р. Р. РЕОНИЗАЦИЈА НА ЗЕМЈОДЕЛСКОТО ПРОИЗВОДСТВО