РЕЛИКТИ ВО ФЛОРАТА НА РМ

РЕЛИКТИ ВО ФЛОРАТА НА Република Македонија– еволутивно стари растителни видови што потекнуваат од различни геолошки периоди, со многу ограничено распространување на територијата на РМ. Според староста, односно геолошкиот период од кој потекнуваат, најпознати се терцијарните, глацијалните и бореалните реликти. Терцијарните реликти се зачувани речиси во сите делови на РМ, особено во длабоките речни клисури, во јужните и западните делови, каде што влијанието на глацијацијата било помало (Рамонда натхалиае, Рамонда сербица, Виола косанини, Аесцулус хиппоцастанум, Буџус семпервиренс, Илеџ аљуифолиум, Таџус баццата, Осмунда регалис, Исоетес пхѕгиа, Пинус пеуце и други). Глацијалните реликти се остатоци од флората на мразовото (леденото) време, распространети во највисоките региони на планините, на рефугијални и ладни станишта – снежници, сипари, планински рудини (Дрѕас оцтопетала, Салиџ ретицулата, Салиџ хербацеа, Саџифрага оппоситифолиа, Селагинелла селагиноидес, Лоиселеуриа процумбенс и други). Бореалните реликти се остатоци од флората во составот на четинарските шуми и тресетишта од периодот на глацијацијата и од одредени фази на интерглацијацијата на Балканскиот Полуостров. Во терцијарот биле распространети во бореалната зона на крајниот север на Холартикот и со глацијацијата стигнале на Балканскиот Полуостров. Денес во Република Македонијасе распространети во четинарските шу-ми, главно смрекови, смрековоелови, како и на планинските тресетишта (Листера цордата, Цоралорхиза трифида, Цѕприпедиум цалцеалус, Гоодѕера репенс и други). Вл. М.