РЕЛИКВИИ во Македонија – остатоци од маченици и светии, делови од нивните нераспадливи тела – коски и други нивни предмети: одежди, крстови, икони, книги, облека и обувки што ги употребувале светиите во нивниот живот. Нив верниците ги почитуваат, а преку реликвиите и „чуда“ се случуваат. Реликвии има во многу манастири и цркви во Македонија. Се чуваат во реликвијар, нап-равен од скапоцености, украсен со злато и сребро и наречен кивот, ставротека, дарохранилница. ЛИТ.: Полнѕј православнѕј богословскиј Ìнциклопеди=ескиј словарњ, И и Ⅱ, репринтное издание, Москва, 1921. Рат. Гр.