РЕЏЕПОВА, Есма

РЕЏЕПОВА, Есма (Скопје, 8. Ⅷ 1943) – интерпретаторка на ромски и други народни песни. Со својата песна го има обиколено целиот свет. Кариерата се врзува за името на нејзиниот сопруг Стево Теодосиевски. Испеала голем број песни, претежно ромски. Албумот „Љуеен оф тхе Гѕпсиес“ еизбран меѓу 20-те најдобри албуми според „Њорлд Мусиц“. Одржала над 15.000 концерти во целиот свет, имала над 2.000 настапи за хуманитарни цели. На плочи, касети и ЦД има издадено 586 песни, а од плочите две се платинести, 8 златни и 8 сребрени. За неа е снимен краткиот документарен филм „Запеј Македонијо“ (1968). М. Кол. Реџеп Реџеповски