РАНКОВЦЕ

РАНКОВЦЕ – село во Кривопаланечко. Се наоѓа во северниот дел на Славишката Котлина, од двете страни на Ранковичка Река, на надморска височина од околу 500 м. Преку регионален пат е поврзано со магистралниот пат КумановоКрива Паланка. Има 1.192 ж. од кои 1.133 се Македонци и 53 ж. се Роми. Населението се занимаваа со одгледување житни култури и со овоштарство. Тоа е седиште на општина која зафаќа површина од 24.071 ха, со 18 населени места во кои живеат 4.144 ж. Има осумгодишно училиште и здравствена станица. Ал. Ст.