РАДИОДИФУЗИЈА ВО РМ

РАДИОДИФУЗИЈА ВО Република Македонија– датира од 1941 г., кога првиот среднобранов предавател е монтиран на локација во Маџари. Македонското радио ја има својата прва емисија во Горно Врановци на 28. ⅩⅠⅠ 1944 г. Првата телевизиска емисија е емитирана на 14. ⅩⅠⅠ 1964 г. Денес МРТВ емитува три телевизиски и три радиоканали, сателитски телевизиски канал и др. специјализирани програми. Системот од мрежи на јавното претпријатие „Македонска радиодифузија“ во среднобрановото, ВХФ и УХФ подрачје, постигнува покриеност на населението (зависно од подрачјето) од 93 до 99,9%. Во приватната радиодифузија постојат пет телевизиски и три радиомрежи за национално покривање и околу 150 локални радио и телевизиски станици. Во 1997 г. во Република Македонијае формиран Совет за радиодифузија како независно регулаторно тело, а од 2004 г. јавното претпријатие „Македонска радиодифузија“ експериментално емитува дигитален земски телевизиски сигнал на подрачјето на Скопје. Др. М.