РАДИКА

РАДИКА – десна притока на р. Црни Дрим. Извира југозападно од врвот Голема Враца (Косово) на шар Планина, на височина од 2.260 м, а во Дрим се влива на височина од 487 м. Таа е изразито планинска река, која има претежно клисуреста, а на места и кањонеста речна долина. Долга е 64,7 км, има вкупен пад од 1.773 м и просечен пад од 27,4‰. Долниот дел од долината на реката, во должина од 10 км е заезерен, така што денес нејзините води се влеваат во Дебарското Езеро кај селото Долно Косоврасти, на височина од 580 м. Просечниот годи3 шен протек изнесува 18,87 м /с; најголем средномесечен протек 3 од 50,8 м /с се јавува во мај, а нај3 мал од 6,4 м /с во август. Најголе-Реката Радика во близина на с. Жировница 3 мото количество вода од 262 м /с е забележано во мај 1978 г., а нај3 малото од 2,2 м /с во октомври 1966 г. Дел од водите од извориш3 тата (6,2 м /с) на оваа река по вештачки пат се зафатени и преку тунел се префрлени најнапред во Мавровското Езеро, а оттука во сливот на р. Вардар и Егејското Море, со што е формирана најголема вештачка бифуркација во Македонија. ЛИТ.: Драган Василевски, Радика, „Напредок“, Тетово, 1997. Др. В.