ПЧЕЛИ

ПЧЕЛИ (Апидае) – ципокрилни инсекти. Приспособени се за исхрана со цветен прав и со нектар. Нивното значење во природата и за човекот е големо, почнувајќи од производите што ги даваат, мед и восок, па до опрашувањето што го вршат кај растенијата. Групата опфаќа видови што имаат солитерен начин на живеење, или пак се здружуваат во добро организирани Медоносна пчела (Апис меллифера Л.) семејства. Социјалните видови пчели живеат во заедница од 20.000 до 70.000 пчели работнички, една матица и од 800 до 3.000 трутови што се јавуваат само во текот на летото. Секој од овие членови во заедницата врши точно определена работа. Во Македонија е позната расата мариовска пчела од видот европска медоносна пчела (Апис меллифера Л.). ЛИТ.: Јонче шапкарев, Зоологија на без’рбетните животни, Скопје, 1991. В. Т. К. – М. Кр.