ПУЉОПУЛОС, Пантелис

ПУЉОПУЛОС, Пантелис (Тиваико, Тесалија, 1900 – Нексеро, 1943) – секретар на ЦК на КПГ (1924–1926). Во однос на македонското национално прашање ја спроведувал политиката на Коминтерната за „Обединета и независна Македонија“ (1924–1935). Во 1940 г. во логорот во Акронавплија напишал граматика на македонскиот јазик и одделна статија „За македонското прашање“, со која на македонскиот народ му го признава правото на самоопределување. Ја претставувал антисталинистичката струја во редовите на КПГ и бил исклучен од редовите на КПГ како „ликвидатор“. На 6. Ⅵ 1943 г. бил уапсен и стрелан во Нексеро, недалеку од Лариса (Тесалија) од страна на италијанската војска. ЛИТ.: П. Пулиопулос, Артхра, тхесис ке полемикес, Атхина, 1976; Д. Лифиерату, Пантелис Пулиопулос, 1992, с.л.; С. Киселиновски, КПГ и македонското национално прашање (1918– 1940), Скопје, 1985. Ст. Кис.