ПТОЛЕМАЈ Кераун

ПТОЛЕМАЈ Кераун (Молња) (281–280/79 г. ст. е.) – македонски крал, постариот син на Птолемај И Лаг и Евридика, ќерка на Антипатар. Учествувал во битките меѓу епигоните за превласт во Македонија, Тракија и Мала Азија. Кај Дарданелите го нападнал Селевк, владетелот на азиските поседи, кој се прогласил за крал пред тој да пристигне во Македонија. На поч. на 280 г. ст. е. војската го прогласила за крал на Македонија. Кон крајот на 280 или поч. на 279 г. ст. е. загинал во битката со Келтите. Лит.: Ф. Папазоглу, Историја на хеленистичкиот период, Скопје, 1995. А. шук.