ПТИЦИ

ПТИЦИ (Авес) – класа од поттипот ’рбетни животни (Вертебрата), кај кои предните екстремитети се претворени во крилја, а задните служат за движење на копно или за пливање во вода. Од сите други ’рбетници се разликуваат и по тоа што телото им е покриено со пердуви. Според својата анатомска градба тие се многу блиски со влекачите (Рептилиа), од кои водат потекло. Поради приспособувањето за летање, кај птиците коските се пневматизирани, со што е зголемена нивната цврстина, а во исто време е намалена специфичната тежина на телото. Предниот дел од черепот и вилицата се издолжени во клун, во кој нема заби. Белите дробови се поврзани со систем од воздушни торби, со што дишењето е интензивирано. Птиците имаат највисока телесна температура од сите топлокрвни животни, што им овозможува ус-пешно да ги издржат пониските температури на воздухот и студените воздушни струи. Се размножуваат со јајца, врз кои лежат до испилувањето и ги хранат своите Грабливи птици: 1. Јастреб; 2. Бел орел; 3. Краткоопашен орел; 4. Австралиски орел; 5. Кралски орел; 6. Сокол; 7. ќубест орел млади. Некои видови ги несат јајцата директно врз подлогата (дождосвирци и галеби), а други ги несат во умешно направени гнезда. Голем број од птиците наесен ги напуштаат нашите краишта за да ја минат зимата на југ, други се задржуваат кај нас преку целата година, но има и такви што презимуваат кај нас или се јавуваат само во периодот на миграција, како прелетни видови. Класата птици опфаќа околу 9000 рецентни видови, распространети по целата Земјина топка, при што најголем број видови се регистрирани во тропските предели. Во Европа се регистрирани 19 редо-ви со вкупно 514 видови, а во Македонија се познати 17 редови со вкупно 319 видови. ЛИТ.: Бирдс ин Еуропе: популатион естиматес, трендс анд цонсерватион статус, „Бирд Лифе Интернатионал Цонсерватион Сериес“, 12, Цамбридге, 2004; Ц. Харрисон, Ан Атлас оф тхе Бирдс оф тхе Њестерн Палаеарцтиц, Гласгоњ, 1982; С. Д. Матвејев – В. Ф. Васиц, Цаталогус фаунае Југославиае, Ⅳ/3, Авес, Ацад. Сциент. Ет Арт. Словеница, Лјублјана, 1973; С. Петковски, Фаунал диверситѕ, во: Цоунтрѕ Студѕ фор Биодиверситѕ оф тхе Републиц оф Мацедониа (Фирст Натионал Репорт). Министрѕ оф Енвиронмент анд Пхисицал Планнинг, Скопје, 2003. Св. П. – В. Сид.