ПРОТУЃЕР, Димче

ПРОТУЃЕР, Димче (Охрид, 24. Ⅹ 1920 – Скопје, 3. Ⅳ 1995) – сликар, педагог, критичар, полемичар. Учесник во НОБ. Дипломирал на Академијата во Софија (1946). Бил член на групите Денес и Мугри. Се занимавал со цртеж, графика, таписерија, илустрација, внатрешно уредување. Неговото сликарство се движи во рамките на апстракцијата, интимизмот и поетскиот реализам. Тој е особено значаен со полемичките текстови (1953–1954) во кои се застапувал за слободата на изразот. Л. Н.