ПРОЛЕТЕРСКО ДЕЛО

„ПРОЛЕТЕРСКО ДЕЛО“ (Торонто, Онтарио, Канада, 1. Ⅴ 1934 – 1940) – орган на Бугарско-македонската трудова емиграција во Канада. Излегувал двапати ме-сечно (на 1 и 15). Натамошното излегување било забрането од властите. ЛИТ.: Д-р Боро Мокров – М-р Томе Груевски, Преглед на македонскиот печат (1885-1992), Скопје, 1993, 96. С. Мл.