ПРОДУКТИВНОСТА НА КОПНЕНИТЕ ЕКОСИСТЕМИ

ПРОДУКТИВНОСТА НА КОПНЕНИТЕ ЕКОСИСТЕМИ – се изразува со количината на произведената сува органска материја во текот на една вегетација, а се изразу2 ва во т/ха површина или во г/м . Пр-ви истражувања во Македонија се спроведени во Националниот парк Галичица во екосистемот на плоскач и цер. Установено е дека годишната чиста продукција изнесува 12, 5 т/ха. Продукцијата е истражувана и во горскиот буков екосистем во националниот парк Маврово. Просечната чиста продукција изнесува 11,99 т/ха сува материја. Љ. Гр. Наде Проева