ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РМ

ПРЕТСЕДАТЕЛ НА Република Македонија– инокосен шеф на државата и врховен командант на вооружените сили на РМ. Функцијата е воведена првпат со уставните амандмани од 1990 г., со надлежност на Собранието на Република Македонијада го избира со двотретинско мнозинство гласови, на мандатен период од четири години. Уставот на Република Македонијаод 1991 г. предвидува избор на претседателот на Република Македонијана општи и непосредни избори со тајно гласање во два круга и на мандатен период од пет години. За прв претседател на Република Македонијае избран Киро Глигоров во Собранието на Република Македонија(И 1991). Тој е избран повторно за претседател и на првите непосредни претседателски избори (1994), неколку месеци пред истекот на четиригодишниот мандат. За втор претседател на Република Македонијае избран Борис Трајковски на претседателските избори одржани во 1999 г. За трет претседател на Република Македонијае избран Бранко Црвенковски на предвремените претседателски избори, одржани во април 2004. За четврти претседател на Република Македонијае избран Ѓорѓе Иванов во март – април 2009 г. ЛИТ.: Светомир шкариќ, Уставно право, Скопје, 2006. Св. ш. Критериуми за класификација на претпријатијата според големината (Закон за трговски друштва, 2004) до 10 вработени микропретпријатија годишен обрт од 50.000 евра најмногу 10% од бруто-приходот да е остварен од еден клиент до 50 вработени мали годишен обрт од 2.000.000 евра вредност на активата од 2.000.000 евра ПРЕТСЕДАТЕЛСТВО НА СРМ