ПРЕКРИВАЧ

ПРЕКРИВАЧ – правоаголна крпа за на глава, исткаена од бело па-мучно платно. Го носеле исклучиво ергени и девојки. Се носел со превиткување на двата дела по должината и се врзувал одзади на главата, зад тилот (над челото и ушите), при што спуштените делови паѓале над веѓите и ушите, држејќи сенка над очите. Имал функција да штити од сонцето. Ј. Р.-П.