ПРВ КУМАНОВСКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН БАТАЛЈОН ЈОРДАН НИКОЛОВ-ОРЦЕ

ПРВ КУМАНОВСКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН БАТАЛЈОН „ЈОРДАН НИКОЛОВ-ОРЦЕ“ (с. Пелинце, Кумановско, 1. ⅩⅠⅠ 1943 – с. Жегљане, Кумановско, 26. Ⅱ 1944) – воена Борбениот пат на Првиот кумановски народноослободителен баталјон „Јордан Николов-Орце“ единица на НОВ и ПОМ. Бил формиран од 116 борци на Скопско-кумановскиот НОПО и новопристигнати борци. Водел борби против четничките сили во Козјачијата и кај с. Дренак (10. ⅩⅠⅠ), вршел диверзии на пругата Врање-Куманово-Романовце, водел успешни борби со бугарската војска и полиција во Кратовско (26 и 27. ⅩⅠⅠ), кај с. Пелинце, Кумановско (13. И 1944), кај с. Билјача, Прешевско (7. Ⅱ) и др. Бидејќи нараснал на околу 250 борци, од неговиот состав и од новопристигнати борци бил формиран новиот Втори кумановски НО баталјон „Христијан Тодоровски-Карпош“ (с. Бајловце, 22. Ⅱ 1944). При формирањето на Третата НОУБ влегол во нејзиниот состав. ИЗВ.: Куманово и Кумановско во НОВ 1941-1945. Документи, Куманово, 1988. ЛИТ.: Спомен-зборник на загинатите борци од НОВ и жртви на фашистичкиот терор од Куманово и Кумановско 1941–1945, Куманово, 1976, 177–178. С. Мл.