ПРАСКА

ПРАСКА (Прунус персица Л.) – плод за исхрана и за сокови. Првиот интензивен насад на 100 ха, со садници од Италија, е подигнат во стопанството „Росоман“ (1960). Површините под праски во Република Македонијадостигнаа Праски над 1000 ха (1980–1990), а производството 16,4 илјади т. По 1991 г. површините и производството се намалуваат до 4,3-3,5 илјади т Праски нектарини (1995–1997). Последниве години (2004, 2005) бројот на родните стебла достигнува 454 илјади, а производството 11–12 илјади т. Најголемиот производен центар, со над 60% од производството, е Росоман, со неколку околни села. Б. Р.