ПОПОВСКИ, Петар

ПОПОВСКИ, Петар (Лазарополе, 12. Ⅶ 1931) – новинар, истражувач. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје. Од 1951 г. го уредувал списанието „Лазарополе“ наменето за сонародниците во странство. Работел во НИП „Наша книга“ (1961), уредник на весникот „Трибина“. Од 1965 до пензионирањето на разни должности во МРТВ: прв уредник (16 години) на ТВ-дневникот, пом. директор и главен уредник на Информативната програма на ТВ Скопје. По пензионирањето автор на монографиите: „Архимандрит Теофил Аврамов Жунгуловски“ (1997), „Нострадамус апокалипсата одбројува“ (1999), „Ѓорѓија Кастриот-Искендер, крал на Епир и Македонија и втор Александар Македонски“ (2005), „Мијаците потомци на античките Македонци и прастари жители на Матија (денешна Албанија)“, „Крваво досие на арнаутскиот гего-мирдитски тероризам во македонската земја (1700-2002)“ и „Македонската средновековна црковна дипломатија“ (трите во 2006). Б. П. Ѓ.