ПОПОВСКА, Јоана

ПОПОВСКА, Јоана (Битола, 18. Ⅵ 1943) – актерка. Член во Народниот театар во Битола од 1960 г. (во него настапувала и на петгодишна возраст); потоа во Драмата на МНТ (1978-1994). Учествувала и во претстави за деца, во радиодрами и ТВ драми и серии. Улоги: Дездемона („Отело“); Петруњела („Дундо Марое“); Офелија („Хамлет“); Живка („Г-ѓа министерка“); Мара („Свадбата на Мара“); Ана („Црна дупка“); Електра во истоименото дело; Велика („Пиреј“); Елизабет („Ричард Ⅲ“). Р. Ст. Лилјана Поповска