ПОПАНГЕЛОВ, Васил

ПОПАНГЕЛОВ, Васил (с. Лешани, Охридско, 1861 – месност Српница, с. Лешани, 14/27. Ⅸ 1903) – свештеник, учесник во Илинденското востание. Старешина на манастирот „Сите Свети“ во Долна Дебарца. Бил член на ТМОРО од 1897 г. Во Илинденското востание предводел селска чета од с. Лешани. Загинал во борба над родното село. ЛИТ.: С. Ристески, Свештеникот Васил Попангелов, Струга, 2003. Ал. Тр.