ПОПАДИЌ, Вукашин (Гламоч, Бугојно, 1904) – епидемиолог, микробиолог. Медицина завршил во Загреб. Работел во Хигиенскиот завод во Скопје, а од 1932 г. во Битола, како епидемиолог и микробиолог во Постојаната бактериолошка станица и ДНЗ. Во времето на бугарската окупација работел во Обласната хигиенска лабораторија. Активно соработувал со партизаните до првата половина на 1944 г., кога заедно со сопругата им се приклучиле на партизаните. По Ослободувањето бил министер за народно здравје во Владата на Федерална Македонија (16. Ⅳ 1945). Потоа бил унив. професор и директор на Хигиенскиот завод во Скопје. ИЗВ.: Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, т. 2, Скопје, 1981, 643. П. Б.