ПОП-ЈОРДАНОВА

ПОП-ЈОРДАНОВА (КОЖИНКОВА), Нада Димитрова (Скопје, 17. Ⅲ 1947) – педијатар, психолог, редовен проф. на Мед. ф. и на Ст. ф. Медицински факултет (1970) и Филозофски факултет – група психологија (1982) завршила во Скопје. Специјалист по педијатрија е од 1977, а докторат по медицински науки одбранила во 1983 г. Прва во земјата воведува мултимодална биофидбек методологија. Од 1984 е наставник на Мед. ф. по предметот педијатрија. На Ст. ф., покрај педијатрија, предава медицинска психологија и Нада Поп-Јорданова етика. Објавила над 200 научни трудови во странски и домашни списанија, 8 книги и поглавја во странски монографии. Избрана е за редовен член на Њујоршката академија на уметностите и науките (1997) и на Светската академија на уметностите и науките (2006). Н. П.-Ј. Димитар Попгеоргиев-Беровски