ПОП ТРАЈКОВ, Лазар

ПОП ТРАЈКОВ, Лазар (с. Дмбени, Костурско, 10. Ⅵ 1877 – с. Трново, Костурско, 11/12. Ⅹ 1903) – костурски војвода и поет. Завршил гимназија во Солун (1898). Бил организатор на првите револуционерни комитети во Костурско. Во Илинденското востание бил член на Костурското горско началство. Во борба со османлиската војска во Мариовско бил Лазар Поп Трајков тешко ранет, а предавникот Коте Христов од Рула за 50 турски лири, добиени од грчкиот костурски владика Германос Каравангелис, му ја пресекол главата. Автор на поемата „Локвата и Вињари“. ЛИТ.: А. Близнаков, Епопејата на Локвата и Вињари, Прилози за Илинден 1978, Ⅱ, Крушево, 1979. Ал. Тр.