ПОП АНТОВ, Тодор

ПОП АНТОВ, Тодор (с. Ваташа, Тиквешко, 28. Ⅱ 1875 – Пловдив, 29. ⅩⅠⅠ 1954) – учител, револуционер, член на ЦК на ВМОРО. Завршил егзархиска гимназија во Солун (1895). Студирал хемија во Женева. Учителствувал во Прилеп, Пехчево, Мелник, Скопје. Бил член на Серскиот и Скопскиот РК. На Рилскиот конгрес бил избран за член на ЦК на ВМОРО. Учествувал во Балканските и во Првата светска војна. ИЗВ. и ЛИТ.: Борбите в Македони® и Одринско 1878–1912, Спомени, Софи®, 1981; Т. Поп Антов, Спомени. Предговор и редакција на З. Тодоровски, Скопје, 2002. Ал. Тр. Христо Поп Антов