ПОП ЃОРЧЕВ, Борис

ПОП ЃОРЧЕВ, Борис (Велес, 22. Ⅶ 1933) – новинар и публицист. Во НИП „Нова Македонија“ од 1953 г. до пензионирањето (1993). Соработник, уредник, коментатор на Спортската, Внатрешнополитичката и Надворешнополитичката рубрика. Дописник од Москва (1975–1979), известувач од многубројни настани во земјата и во светот. Еден од основачите на „Спортист“ (1955) и „Вечер“ (1963 –1970). Заменик на главниот и одговорен уредник на „Вечер“ и на „Нова Македонија“ и шеф на дневните редакции. Долгогодишен дописник на повеќе југословенски весници и списанија. Најдолго на „Вечерњи лист“ и „Данас“ (Загреб). Раководител на Прес-центарот на шаховската олимпијада (1972). Ѓ. Ст.