ПОЛИЦИСКА МИСИЈА НА ЕУ ВО РМ

ПОЛИЦИСКА МИСИЈА НА ЕУ ВО РМ – прва полициска мисија на ЕУ во РМ – ЕУПОЛ „ПРОКСИМА“, која ја заменува првата воена мисија на ЕУ во РМ –„Конкордија“, воспоставена врз основа на заедничката акција на Советот на ЕУ (29. Ⅸ 2003) и Договорот меѓу РМ и ЕУ за статусот и активностите на полициската мисија на ЕУ во РМ (ЕУПОЛ „ПРОКСИМА“, 11. ⅩⅠⅠ 2003), со функции од советодавен карактер во сферата на градењето доверба, владеењето на правото, справувањето со организираниот криминал, реформата на МВР и трансформацијата кон полициско обезбедување на границите, што ги врши до 14. ⅩⅠⅠ 2005 г., кога започнува мандатот на новата полициска мисија „ЕУПАТ“. ИЗВ.: Договор меѓу РМ и ЕУ за статусот и активностите на Полициската мисија на ЕУ во РМ (ЕУПОЛ „ПРОКСИМА“), „Службен весник на РМ“, 80/03. Т. Петр. ПОЛЈОДЕЛСТВО – според вкупниот обем на производството, најважна земјоделска област. Тоа зафаќа најголем дел од обработливите површини, ангажира најбројна работна сила и голем дел од агротехничките средства и обезбедува егзистенција на најголем дел од селското население. Од вкупната обработлива површина, околу 83% се под ораници и бавчи, околу 3% под овошни насади, околу 5% отпаѓаат на лозја и околу 8% на ливади. Во Македонија постои можност за наводнување на 370.000 ха или на 64% од вкупно обработливите површини. Меѓутоа, капацитетот на изградените системи овозможува наводнување на околу 19%, а фактички се наводнуваат само 12,5% од обработливите површини. Од земјоделските производи во Македонија на прво место доаѓаат житните растенија: пченицата, јачменот, ’ржта, овесот и оризот, потоа следат индустриските култури: тутунот, сончогледот, шеќерната репка и градинарските култури. Македонија има поволни природни услови за развој на овоштарството и посебно на лозарството. Топлите и долги лета Производството на најважните полјоделски производи (1951-2005) Година Пченица Пченка шеќерна репка Сончоглед Тутун ил.т кг/ха ил.т кг/ха ил.т т/ха ил.т кг/ха ил.т кг/ха 1951 93 980 69 1.040 0 10 2 610 13 720 1961 210 1.480 79 1.220 110 20 8 860 8 570 1971 300 2.130 102 1.920 158 39 20 1.170 22 800 1981 236 2.260 92 2.260 104 29 25 1.110 31 1.230 Атентатот на претседателот Киро Глигоров (3. Ⅹ 1995) 1991 340 3.021 135 3.200 82 37 37 1.354 25 1.375 ЛИТ.: Ангел Динев, Политичките уби 2005 334 3.081 148 4.491 58 36 7 1.330 28 1.498 ства во Бугарија, Скопје, 1951; Историја на македонскиот народ, книга прва – трета, Скопје, 1969; Коста Циривири, Политичките убиства во Македонија, Скопје, 1969; Историја на македонскиот народ, том први – петти, Скопје, 2003. С. Мл.