ПОГОДИНОВ ПСАЛТИР

ПОГОДИНОВ ПСАЛТИР – кирилички псалтир со коментар на Хесихиј Ерусалимски од ⅩⅤⅠⅠⅠ в., 278 л., С.-Петербург, РНБ, сигн. Пог. 8. Калиграфски ракопис со богата орнаментика. Препишан од двајца писци од архаична предлошка, најверојатно во некој од југоисточните македонски центри, на што укажуваат јазичните особености. Правописот е двуеров четиријусов, вокализацијата на еровите најчесто се однесува на 6>е, замената на носовките е недоследна, деназализацијата е ретка (4>7, 3>5), добро се разликува 7ѕи, присутен е прегласот на а зад ч, р (=5ша, подр5’ати). Припаѓа кон архаичната редакција на псалтирот карактеристична за традициите на Охридската школа. ЛИТ.: В. Јагиц, Псалтериум Бонониенсе, 1907 (изд. на псалмите, од коментарот само вар. во крит. апарат); И. Карачорова, КÍм вÍпроса за Кирило-Методиевия старобÍлгарски превод на псалтира, Кирило-Методиевски студии, 6, София, 1989, 130-245 (со богата лит.). Зд. Р. Невестински подбрадец