ПЛАТЕН БИЛАНС НА РМ

ПЛАТЕН БИЛАНС НА РМ – систематски преглед на економските трансакции на РМ со светот во текот на една година. Платнобилансната статистика се подготвува врз основа на методологијата на ММФ, а за составување и следење на извршувањето на платниот биланс е надлежна НБРМ. Трансакциите во платниот биланс се групирани во три основни дела: 1) тековна сметка, 2) капитална и финансиска сметка и 3) грешки и пропусти. Понатаму, тековната сметка се состои од четири подбиланси: стоки, услуги, доход и тековни трансфери. Во рамките на подбилансот стоки се регистрира македонскиот увоз и извоз на стоки, кои се прикажани на ф.о.б. основа. Во подбилансот услуги се опфатени увозот и извозот на различни видови услуги, како: транспорт, туризам, телекомуникациски услуги, инвестициони работи, осигурување, деловни услуги итн. Подбилансот доход ги систематизира сите трансакции меѓу Македонија и светот врз основа на прилив и одлив на плати на вработените, добивка од инвестициите, дивиденди, камати на заеми и на кредити итн. Подбилансот тековни трансфери ги опфаќа приливот и одливот на официјални и приватни трансфери. Првите најчесто се однесуваат на помошта што ја добива Македонија од странски држави и од меѓународни организации, изразена во пари и во стоки, додека вторите опфаќаат дознаки од странство, откуп и продажба на странски ефективни пари во менувачниците, како и ренти, пензии, инвалиднини итн. Во капиталната и финансиската сметка се регистрираат сите капитални трансфери и финансиски трансакции меѓу Македонија и светот. Најважни ставки во оваа сметка се: директните инвестиции, портфолио инвестициите, трговските кредити, заемите, валутите и депозитите и бруто официјалните резерви. Директните инвестици ги опфаќаат влоговите на странските физички и правни лица во македонската економија, т.е. на домашните физички и правни лица во странство, изразени во стока и во пари. Трговските кредити одобрени во странство и примени од странство ја претставуваат разликата меѓу физичката размена на стоки меѓу Македонија и светот и извршениПлатен биланс на Република Македонија, 1993-2007 (во милиони долари) 1993 1994 1995 1996 1997 1998 1999 2000 2001 2002 2003 2004 2005 2006 2007 И. ТЕКОВНА СМЕТКА -82.54 -262.94 -298.91 -339.85 -286.56 -278.82 -65.26 -97.61 -236.08 -377.61 -184.11 -452.82 -157.91 -56.39 -596.83 СТОКИ, нето УСЛУГИ, нето 42.82 -154.47 -184.92 -155.12 -222.78 -200.51 -314.67 -156.16 -386.27 -137.75 -515.63 -59.82 -495.92 38.85 -690.82 48.70 -526.72 -19.17 -805.58 -22.11 -851.00 -6.62 -1,138.97 -54.37 -1,063.03 -33.64 -1,284.99 28.25 -1,629.75 34.98 ДОХОД, нето ТЕКОВНИ ТРАНСФЕРИ, нето -56.69 85.80 -46.60 123.70 -39.57 163.95 -51.35 182.33 -54.51 291.97 -52.25 348.87 -71.82 463.64 -64.53 609.04 -27.97 337.78 -44.33 494.42 -62.39 735.90 -39.19 779.71 -113.46 1,052.21 -36.65 1,237.00 -385.02 1,382.96 Ⅱ. КАПИТАЛНА И ФИНАНСИСКА СМЕТКА -12.85 162.34 280.63 318.20 349.63 296.30 -91.43 40.20 236.60 387.98 218.30 434.05 165.47 48.54 638.84 КАПИТАЛНА СМЕТКА, нето ФИНАНСИСКА СМЕТКА, нето 0.00 -12.85 30.04 132.31 1.70 278.93 0.00 318.20 0.00 349.63 -1.79 298.09 0.00 -91.43 0.33 39.87 1.39 235.20 8.26 379.72 -6.69 224.99 -4.62 438.68 -2.02 167.49 -1.11 49.66 4.91 633.93 Ⅲ. ГРЕШКИ И ПРОПУСТИ 95.39 100.60 18.28 21.64 -63.06 -17.48 156.69 57.41 -0.51 -10.37 -34.19 18.77 -7.55 7.84 -42.01 те плаќања за нив. Во категоријата заеми се прикажуваат користењето и обврските за отплата на главнината по среднорочни и долгорочни заеми и кредити. Ставката валути и депозити се однесува на промената на девизните средства и на девизните обврски на монетарната власт, комерцијалните банки и населението. Како составен дел на капиталната и финансиска сметка се прикажани и промените на состојбата на официјалните девизни резерви на Македонија. Последниот дел на платниот биланс се нарекува грешки и пропусти и претставува корективна категорија, која го покажува статистичкото отстапување меѓу вредноста на тековната сметка и вредноста на капиталната и финансиска сметка. Оваа категорија ги одразува тешкотиите при евидентирањето на економските трансакции меѓу земјата и странство, т.е. неможноста за нивно целосно и прецизно регистрирање. Во рамките на тековната сметка, македонската економија се одликува со висок дефицит во трговскиот биланс, кој делумно е неутрализиран од високиот суфицит во подбилансот на тековните трансфери. Ис-то така, Македонија бележи дефицит и во подбилансот на услугите (особено во првата половина на 1990-тите), како и во подбилансот на доходот (како резултат на одливот на средства врз основа на платени камати и дивиденди). Како последица на тоа, Македонија традиционално покажува дефицит на тековната сметка од билансот на плаќањата. Во рамките на капиталната и финансиската сметка, учеството на одделните ставки (директни инвестиции, трговски кредити, заеми и валути и девизи) е различно во одделни години и не може да се утврди некоја регуларност во поглед на структурата на капиталната и финансиска сметка. ИЗВ.: Народна банка на Република Македонија, „Билтен“, Ⅲ/2006, Скопје, декември 2006, 81-82; „Билтен“, Министерство за финансии, Скопје, јули/август 2006, 7. ЛИТ.: Народна банка на Република Македонија, „Билтен“, Ⅲ/2006, Скопје, декем-