ПЛАВУШ

ПЛАВУШ – ниска планина што се простира во средишниот дел на РМ, а претставува продолжение на Градешка Планина, со правец на протегање сз–ји. Највисока точка е котата 997 м. Составена е од амфиболити, кристалести шкрилци и кварцити. Осамените и ниски врвови завршуваат со сиви варовници. Планинските страни спрема Крива Лакавица и Бела Река се терасирани и дисецирани со абразиони и флувијални процеси. Т. Анд.