ПИПЕРКА

ПИПЕРКА (Цапсицум аннуум Л.) – во наши услови едногодишно растение. Многу стара култура, потекнува од Јужна Америка. Пиперката е една од водечките производи во светот и кај нас. Се одгледува заради плодовите што се консумираат во незрела или зрела состојба, свежи, преработени и конзервирани. Посебни сорти се одгледуваат за мелен црвен пипер како зачин во разновидни јадења. Плодовите се богати со минерални материи (0,50–0,60%), орган-ски киселини (0,10–0,20%), шеќери (3–5%) и витамини (А, Б , Б и 12 С, 3–4 пати повеќе од лимонот). Топлољубиво растение, интензивно расте и се развива при темо пература од 22–28 С. Кај нас ус-пешно се одгледува во повеќе реони на површина од 8.500–9.000 ха, со вкупно производство од околу 110.000 т. Во производството се застапени голем број сорти, групирани во вар. гроссум (широкоплодни: гамби, бабури и срцевидни); вар. лонгум (конусовидни, камовидни и роговидни) и вар. схипца (ситноплодни, претежно лути). Производството се одвива на отворено и во заштитени простори, со соодветни сорти. Д. Ј.