ПИЈАВИЦА, РИБЈА

ПИЈАВИЦА, РИБЈА (Писцицола геометра Л.) – рилчеста пијавица. Поседува две пијавки, на предниот и задниот крај на телото. Паразитира на кожата и на жабрите кај рибите. Достигнува големина до 5 цм. Кај нас, најчесто, го Рибја пијавица напаѓа крапот; со својата рилка се закачува за него и пиејќи му ја крвта, го исцрпува. Распространета е во реки и во езерата низ цела Европа и во Северна Азија. Од родот Писцицола во Охридското Езеро се среќава ендемичниот вид Писцицола пањлоњскии Скет. ЛИТ.: Јонче шапкарев, Зоологија на без’рбетните животни, Скопје, 1991. в. Т. К.– М. Кр.