ПЕШТЕРИЦА

ПЕШТЕРИЦА (Прилеп) – населба од раниот неолит и од римскиот период. Резултатите од истражувањата, керамиката и кремените и камените артефакти се датирани во најраните фази на младото камено време, а се поврзуваат со почетоците на неолитизацијата на Пелагонија. Од римскиот период се откриени остатоци од вилла рустица со цистерна и со архитектонска декоративна пластика. Ј. Тодоровиќ, Пештерица, ИМАА, 6, Скопје, 1980, 9–20. Д. З. Карта на областа Пиерија