ПЕТТА МАКЕДОНСКА

ПЕТТА МАКЕДОНСКА (ПРИЛЕПСКА) НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА БРИГАДА . (месноста Влашки Колиби близу до с. Зборско, на пл. Кожув, 2. Ⅷ – декември 1944) – воена единица на НОВ и ПОМ. Била формирана од 750 борци од Прилепско, со борците на Првиот баталјон „Мирче Ацев“ на Втората македонска НОУБ и НОПО „Трајче Петкановски“. Водела борби кај селата Капиново, Богомила (Велешко, 12/13. Ⅷ), Бреза (25. Ⅷ) и Здуње (кај Македонски Брод) Формирањето на Петтата македонска (прилепска) народноослободителна бригада – (пл. Кожув, 2. Ⅷ 1944) и срушила шест мостови на патот Велес–Градско (6. Ⅸ). Откако била ставена под команда на Четириесет и деветтата (македонска) дивизија на НОВЈ (10. Ⅸ), со борби влегла во ослободен Прилеп (11. Ⅸ) до неговото повторно заземање од германските сили (21. Ⅸ). Ги продолжила борбите кај селата Степанци и Извор (на патот ПрилепВелес, 23. Ⅸ), кај Бакарно Гумно и селата Горно Којнари (Прилепско, 1. Џ), Ивањевци и Тројкрст (на патот Прилеп-Битола, 2-6. Џ), Буково и Прентов Мост (на патот Ре-сен–Охрид, 13. Џ), кај реката шемница (22. Џ), селата Глумово, Грчец и Сушево (на патот СкопјеТетово, 25. Џ), учествувајќи во борбите за ослободување на Прилеп (29. Џ – 2. Ⅺ), Ресен (5. Ⅺ) и Охрид (7. Ⅺ), по што ја запоседнала македонско-грчката граница на битолско-преспанското подрачје (ноември 1944). Подоцна влегла во составот на Осмата (македонска) дивизија на КНОЈ (25. ⅩⅠⅠ) како нејзина втора бригада, овојпат за обезбедување на македонско-албанската граница. ЛИТ.: Тачко Локвенец, Од устата крв, во срцето слобода, „Нова Македонија“, ЏЏЏВИ, 12175, Скопје, 14. ⅩⅠⅠ 1980, 5; Љубен Георгиевски-Љупта, Илинданске искре, 5. МНОУБ, „Народна армија“, Београд, 1981; Владо Стрезовски – Ѓорѓи Ди-мовски-Ласков, 7. македонска бригада и 49 дивизија на НОВЈ, Битола, 1987; Зборник на сеќавања и документи за борбениот пат на Петтата МНОБ-Прилепска, Скопје, 1998. С. Мл.