ПЕТРУШЕВСКИ, Иван

ПЕТРУШЕВСКИ, Иван (Ванчо) (Скопје, 19. Ⅳ 1951) – актер. Дипломирал на Отсекот за драмски актери на Вишата музичка школа во Скопје (1975) и станал член на Драмскиот театар во Скопје. Уметник со специфичен шарм и со посебна склоност кон комедијата. Присутен на естрадата, како и на радиото и ТВ. УЛОГ: Вава („Ослободување на Скопје“); Мики Траси („Џингис Кан и Мики Траси“); Јове Лапало („Панургиј“); Сатко („Солунски патрдии“); Питер („Зоолошка приказна“); Аце („Сега му е мајката“). Р. Ст. Љупчо Петрушевски