ПЕТРУШЕВСКА, Татјана

ПЕТРУШЕВСКА, Татјана (Скопје, 22. Ⅵ 1967) – универзитетски професор, правник. Основно и средно образование завршила во родниот град. Дипломирала на Правниот факултет во Скопје (1990). Магистрирала (1995) и докторирала (1997) на Правниот факултет во Белград, на тема „Европската унија: од надворешнополитичка соработка до заедничка надворешна и безбедносна политика“. Избрана за асистент (1993), за доцент (1998) и за вонреден професор (2003) за научната об-ласт меѓународно право и меѓународни односи на Правниот факултет во Скопје. Надворешен член на Белградскиот центар за човековите права (1996) и член на политичкиот тим за преговори околу Спогодбата за стабилизација и асоцијација меѓу РМ и ЕЗ (2000). Објавила повеќе од 130 научни и стручни трудови од областа на меѓународното и европското право. Основната идеја со која е преокупирана е односот меѓу правото и силата во меѓународните односи. БИБ.: Рецогнитион оф тхе Републиц оф Мацедониа: Проблемс анд Перспецтивес, Бруѕлант, Бруџеллес, 2003; Вовед во правото на ЕУ, Скопје, 2007. ЛИТ.: Правен факултет – Педесет години, 1951– 2001, Скопје, 2001. Св. ш. Лидија Петрушевска-Този