ПЕТРЕСКА, Даринка

ПЕТРЕСКА, Даринка (Берово, 3. Ⅺ 1946) – редовен професор на Филозофскиот факултет во Скопје (на Институтот за историја). Се школувала во Берово и во Скопје. Завршила историја на Филозофскиот факултет во Скопје (1970), магистрирала (1976) и докторирала (1987). За редовен професор е избрана во 1998 г. Била раководи-Даринка Петреска тел на Институтот за историја (1999–2001), а сега е раководител на постдипломските студии на истиот институт (од 2001). Нејзиниот научноистражувачки интерес е историјата на македонскиот народ во ⅩⅠⅩ и ⅩⅩ в., роднокрајната историја, историјата на секојдневниот живот и методиката на наставата по историја. Има објавено повеќе книги и учебници, самостојно и како коавтор: „ВМРО (Обединета)“, Скопје, 1985; „Малешевијата низ историјата“, кн. 2 –„Малешевијата 1912–1945“, Берово, 2003; „Хронологија на ВМРО 1918–1934“, Скопје, 2004; „Историја“ за Ⅴ одделение, Скопје, 2001 (коавтор). ИЗВ.: Билтен на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, 850/10, Скопје, 30 април 2004. Д. Јов. Наум Петрески