ПЕТЛЕВСКИ, Ордан

ПЕТЛЕВСКИ, Ордан (Прилеп, 24. Ⅷ 1930 – Загреб, 22. И 1997) – сликар, една од клучните фигури на современото хрватско и македонско сликарство од втората половина на ⅩⅩ в., со вредност и значење длабоко вградени и во македонската современа уметност. Дипломирал на Академијата за применета уметност (1955) во Загреб, каде што останал да живее и да работи с¢ до својата смрт. Бил член на Иницијативниот одбор за основање на Музејот на современата уметност во Скопје (1963). Имал ретроспективна изложба во Скопје (1971 и 1999) и во Загреб (1999). Творештвото на Ордан Петлевски се развива од стилизирана фигурација, преку надреалистички обоени деОрдан Петлевски: „Мртва природа“ (1956) ла, до енформел. Создал сопствен ликовен универзум исполнет со чудни биоморфни форми (Морбидни облици, 1959; Праоблици, 1961; Апел, 1963). Во некои дела на суптилен начин се препознаваат записи од традицијата на македонските приказни и мистеријата на пејзажот (Македонско село, 1957). ЛИТ.: Борис Петковски, Ордан Петлевски (каталог), Скопје, 1971; Петлевски 1930–1997, Галерија Кловиќеви двори, Загреб, 1999. Л. Н.