ПЕТКАНОВСКИ, Трајче Лазов

ПЕТКАНОВСКИ, Трајче Лазов (Андреев) (Бистрица, Велешко, 7. Ⅹ 1919 – Ораовдолско, Велешко, 6. Ⅷ 1943) – учител и борец, организатор на оруженото востание во Азот (Велешко). Член на првата партиска ќелија (ав-густ 1941). Ја формирал првата партизанска база во Азот (1942). Од јуни до декември 1942 г. бил борец на Велешкиот НОПО „Димитар Влахов“, а од јануари до ав-густ 1943 ја предводел партизанската група на теренот на Азот, каде што и загинал во судир со бугарската полиција и контрачетниците. ЛИТ.: Велес и Велешко во НОВ 1941–1945. Спомен книга, Т. Велес, 1985; Велешки партизански одред 1942, Скопје, 1999. Ѓ. Малк.