ПЕСОЧАНСКА РЕКА

ПЕСОЧАНСКА РЕКА – десна притока на реката Сатеска. Извира од југоисточните падини на планината Стогово на височина од 2.040 м, а се влива на височина од 782 м. Вкупната должина на речниот тек изнесува 22 км, вкупниот пад изнесува 1.258 м, а просечниот пад 57,18 ‰. Вкупната должина на водоразделната линија изнесува 38 км, додека сливот зафаќа површина од 53,32 км 2. На водите од оваа река е изградена ХЕЦ „Песочани“. Др. В.