ПЕРЧИНКОВ, Душан

ПЕРЧИНКОВ, Душан (Скопје, 10. Ⅳ 1939) – сликар, графичар и ликовен педагог. Најзначаен претставник на геометриското сликарство и еден од најавтохтоните уметници, заслужен за оформување на редица сликари од помладата генерација. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Белград (1963). Бил редовен професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Ја претставувал РМ на Биеналето во Венеција (1978). Во сликите Душан Перчинков, Мотив од предградието И (1970) и графиките внимателно и на оригинален начин ја набљудува околината (пејзажот, урбаните средини), создавајќи во почетокот меки надреалистички претстави со едноставни знаци и облици (Море, 1963; Имагинарен предел, 1967). Кон крајот на шеесеттите години се ориентира кон апстрактни строго геометриски композиции со пастелен колорит, без очевиден пандан во ликовната уметност (Предел со траги од сонцето, 1967; Плима, 1968). Во следната етапа нежните бои ги заменува со интензивни и внесува знаковни асоцијативни елементи (Предел што трепери И, 1972; Залез, 1975). Едновремено издава графички мапи со софистицирани, сложени и концептуално обмислени содржини (Ништо, 1991; Збирови, 1992). ЛИТ.: Зоран Петровски, Заветот за зрачење на жолтото; Бојан Иванов, Рамо до рамо со историјата; Соња Абаџиева, Мондријан–Перчинков–Малевич, во: Душан Перчинков, Скопје, 2003. С. Аб.-Д. Даница Перчинкова ПЕРЧИНКОВА, Даница Ристова