ПЕРИДОТИТИ

ПЕРИДОТИТИ – ултрабазични магматски карпи, кои се појавуваат во серијата на карпите на океанската кора. Во основа тие се изградени од оливин и пироксени и акцесорни минерали, хромит, магнетит. Перидотитите настануваат во процесите на делумните топења на горната обвивка и во зависност од длабочината на која се случуваат делумните топења се разликуваат: спинелски, плагиокласни и гранатски перидотити. На подрачјето на РМ перидотитите се појавуваат во серијата на карпите на океанската кора во Вардарската зона. Најчести претставници се дунитите, харзбургитите и лерзолитите. Појавите на хромни руди на територијата на Македонија се поврзани со серијата на перидотитските карпи. ЛИТ.: Блажо Боев, Ристо Стојанов, Петрографија, РГФ, Штип, 1994. Бл. Б.