ПЕПЕРУГА, АПОЛОНОВА

ПЕПЕРУГА, АПОЛОНОВА (Парнассиус аполло Л.) – дневна пеперуга. Крупна, со збиено тело; на задните крила има впечатливо обоени кружни петна. Живее на присојни места. Лета ниско и полека. Се храни со нектар, најчесто од цветовите на чичката. Се среќава често Аполонова пеперуга по високи планински ливади во Македонија. Оваа пеперуга е заштитен вид. ЛИТ.: Јосеф Тхурнер, Дие Лепидоптеренфауна Југослањисх Мазедониенс. И. Рхопалоцера, Грѕпоцера унд Ноцтуидае, Посебно издание, Ацта. Мус. Мац. Сци. Нат., Скопје, 1964; Лионел Г. Хиггинс андНорманД. Рилеѕ, А филд гуиде то тхе Буттерфлиес оф Бритаин анд Еуропе, Лондон анд Гласгоњ, 1970; Паул Сцхеидер – Предраг Јаксиц, Дие Тагфалтер вон Југослањисцх Мазедониен Дурина (Рхопалоцера унд Хеспериидае), Мüнцхен, 1990. В. Т. К. – М. Кр.