ПЕЛИСТЕР

ПЕЛИСТЕР – дел од планината Баба што се наоѓа во југоисточниот дел на РМ и зазема површина од 12.500 ха. На него посебно се атрактивни ледничките езера познати како Пелистерски очи, но и живописните планински реки познати по чистата, бистра и студена вода. Од флората значајно е присуството на петоигличестиот бор молика – авто-Малото Езеро на Пелистер хтон вид со терциерна старост, кој расте само на неколку планини на Балканскиот Полуостров. Од фауната се среќаваат водоземци, влечуги, птици и цицачи, од кои посебно внимание заслужуваат мечката, срната и дивокозата. Од рибите значајно е присуството на ендемичната пелистерска пастрмка. А. Ст.