ПЕЛАЗГИ

ПЕЛАЗГИ (Пеласгои, Пеласги) – палеобалканска популација од медитеранската група народи, која отпрвин ја населувала Северна Грција – Тесалија и Епир, а подоцна и други области, па дури и Италија. Тие не му припаѓале на хеленскиот етнос, бидејќи античките автори редовно ги означувале како варвари. Херодот нагласува дека не е во состојба да определи на кој јазик зборувале. Веројатно зборувале на исчезнат претхеленски индоевропски јазик, кој оставил траги во лексиката на старогрчкиот и во топонимијата на Хелада и Македонија. Додона била седиште на Пелазгите, а Тесалија се нарекувала Пелазгија, според името на нејзиниот владетел Пелазг. Пелазгите се спомнуваат и како жители на морското крајбрежје на Троја, а и Ѕевс од Додона се нарекува пелазгиски. Исто така, се спомнуваат и меѓу народите на островот Крит. Од И в. пр.н.е. – И в. н.е. една месност во Источна Тесалија била нарекувана Пеласгиотис. ИЗВ.: Херодоти, Хисториа, Оџонии, 1927; Хомери, Опера, Оџонии, 1919; Страбонис, Геограпхица, Липсиае, 1895–1913. К. М.-Р.