ПАСКАЛОВ, Трифун

ПАСКАЛОВ, Трифун (с. Нестрам, Република Грција, 17. Ⅷ 1934) – научен работник од областа на земјотресното инженерство. Основното образование од шест одделенија на грчки јазик го завршува во родното место. Гимназија и Технички факултет завршува во Скопје (1961). Звањето магистер по технички науки го стекнува во 1967 г., а доктор по техничките науки станува во 1973 г. Трифун Паскалов Престојува на повеќе универзитети во светот (Велика Британија, Калифорнија во САД, Москва и Тбилиси). Професионалната кариера ја започнува како проектант во ГП „Бетон“ во Скопје (1961–1965), а потоа, до 1990 г., работи во ИЗИИС, Скопје, почнувајќи од асистент па с¢ до редовен професор. Бил заменик-директор во ИЗИИС (1974–1980) и проректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (1980–1982). Работи како специјален советник во ГП „Рад“, Белград (1990–1996). Познат научник од областа на земјотресното инженерство, посебно за разни видови инженерски објекти. Автор и коавтор на многу научни и стручни трудови публикувани во земјата и во странство. Автор е на книгата „Земјотреси, сеизмичка опасност и основни принципи на земјотресното инженерство“. Добитник е на повеќе национални и меѓународни признанија. К. Тал. на Псача, Североисточна Македонија. Не е позната неговата функција во државата, ниту евентуално која друга територија ја управувал. Околу 1355 г. исчезнува од историската сцена, а наследените имоти продолжил да ги управува и ги проширил неговиот син Влатко. ЛИТ.: М. шуица, Немирно доба српског средњег века. Властела српских обласних господара, Београд, 2000. Б. Петр. Патниот сообраќај во Македонија