ПАСКАЛЕВСКИ, Паскал

ПАСКАЛЕВСКИ, Паскал (с. Долени, Костурско, Егејска Македонија, 14. И 1914 – Софија, 13. Ⅴ 2004) – поет, раскажувач, драмски автор, собирач на народни песни, преведувач, новинар и публицист. Учесник во Граѓанската војна во Грција (1945–1949). Директор е на курсот „Гоце Делчев“ за народни учители во слободна Преспа. Работниот век го минал како професионален новинар. Покренал и уредувал повеќе весници и списанија („Непокорен“, „Нова Македонка“, „Билтен“ и „Единство“). Бил уредник и водител на часот по македонски јазик на Радио Варшава и соработник на весникот „Демократија“. Прогонуван и затворан во Грција, Македонија, Полска и Бугарија. Појавата на првата стихозбирка „Пролет над Егеј“ (1949) македонската критика ја именувала како „првата ластовичка на современата поезија во Егејска Македонија“. Вкупното негово богато и разновидно книжевно и новинарско-публицистичко дело е создавано на македонски литературен јазик. ДЕЛ: Пролет над Егеј, 1949; Пиеси, 1952; Народни песни од Егејска Македонија, Ск., 1959 и собраното дело со поезија, раскази, репортажи и есеи Пролет над Егеј, Ск., 1997. ЛИТ.: Васил Тоциновски, Пролетни бури, Ск., 2006. В. Тоц. Тодор Паскали