ПАРК-ШУМИ ВО РМ

ПАРК-ШУМИ ВО РМ – имаат статус на градско или вонградско јавно зеленило, со заштитна и/или рекреативна функција. Во Скопје се прогласени Парк-шумата „Водно“ (1976 г., Собрание на град Скопје) и Реонскиот парк „Гази Баба“ (ОУП, 1965), озеленет и изграден како парк-шума. „Водно“ зафаќа површина од околу 4.573.000 ха и има еколошки (спречување на ерозивни процеси) и рекреативен карактер. Во педесеттите години на ⅩⅩ в. е извршено пошумување, а во следните години уредување на Парк-шумата за да може да се користи за рекреација. Заштитата на Паркшумата „Водно“ е особено значајна од аспект на заштитата на биолошката разновидност – застапени се 1.010 растителни видови, од кои преку 800 се автохтони; 12 растителни заедници; разновидна фауна, од која најинтересни се дневните пеперутки, голем број птици и др.; голем број видови се од европски интерес за заштита. Парк-шумата „Гази Баба“ (преку 105 ха) е подигната со изградбата на индустрискиот капацитет Железара – Скопје, како заштитна зелена зона, со санитарна функција. Бидејќи се наоѓа во средиштето на урбаната структура, има и значајна рекреативна функција. Во 1998 г. стекнува статус на карактеристичен пејзаж, согласно со Законот за природни реткости (1973). С. Х. П. ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ во Вардарскиот дел на Македонија под власта на Кралството на СХС/Југославија (во периодот меѓу двете светски војни) – одржани на 28 ноември 1920, 18 март 1923, 8 февруари 1925, 11 ноември 1927, 8 ноември 1931, 5 мај 1935 и Париската мировна конференција (1946) Сцена од претставата „Парите се отепувачка“ на 11 декември 1938 г. Режимот не дозволувал постоење на македонски политички партии, се гласало за српските граѓански политички партии, а нивниот терен на дејствување бил Вардарскиот дел на Македонија. На парламентарните избори учествувале и КПЈ (во 1920) и „Џемиет“ (во 1920 и 1925). ЛИТ.: Д-р Надежда Цветковска, Политичките партии во парламентарните изборни борби во Вардарскиот дел на Македонија (1919–1929), Скопје, 2004. Н. Цв.